Грчкиот суд го поништи договорот со кој еден алкохоличар го дал станот на сопственик на кафeана, за да го подмири долгот и бесплатно да пие до крајот на животот.

Според сомнителниот договор станот бил продаден за 6.500 евра, иако неговата пазарна вредност била 33.000 евра. Алкохоличарот живеел во станот без да плаќа кирија и бесплатно пиел во неговата кафеана.


Алкохоличарот умрел во 63-тата година, 4 години по склучувањето на договорот, а неговиот брат побарал раскинување на договорот.

Судот одлучил дека условите во договорот не се пропорционални и дека сопственикот на кафеаната ја искористил зависноста на својот муштерија.