Според изјави на очевидци невнимателен возач кој се обидувал да престигне возило по десната коловозна лента, од назад удрил во возило марка „ауди“ кое прописно се движело во истата коловозна лента. По судирот невнимателниот возач наместо да застане, избегал од местото на несреќата. На лице место за кратко време пристигна екипа на сообраќајната полиција која изврши увид.
Од она што можеше да се забележи на аудито е причинета помала материјална штета, а неофицијално дознаваме дека очевидец успеал да ја запише регистрацијата на возилото кое по судирот заминало во непознат правец.