Роберт Манинг од Вирџинија, САД, ја прегледувал содржината на својот паричник и одлучил да ги провери многуте лото ливчиња кои ги носел со себе. Се воспоставило дека едно од ливчињата кое го купил пред неколку месеци вреди дури милион долари, јавуваат медиумите.

Државниот службеник, татко на две деца, не можел да и поверува на својата среќа, а како што вели, парите добро ќе му дојдат со оглед на тоа што едното дете му студира, додека другото би требало да се запише на студии следната година. Рекол дека целата ситуација била неверојатна и дека низ главата му минувале милион работи.