Сју Радфорд, 39-годишна британка од Морекомб оваа есен ќе го роди своето седумнаесетто дете, а нејзината најстара ќерка, 20-годишната Софи, ќе го роди своето второ дете само неколку седмици пред својата мајка, јавуваат британските медиуми.

Освен Софи, Сју е мајка на уште 15 деца, Клои (18), Џек (17), Даниел (15), Лук (13), Мили (12), Кети (11), Џејмс (10), Ели (9), Ејми (8), Џош (7), Макс (5), Тили (4), Оскар (2) и Капер (1). Со едноставна математика доаѓаме до заклучок дека Сју од 39 години од својот живот, 13 минала во блажена состојба. А како што тргнало, нејзината ќерка би можела да тргне по истиот пат.