Нов скандал во прехранбената индустрија, овојпат во Европа. Имено Шведска увезла евтино месо од Унгарија во кое, како што покажале анализите, била додадена црвена боја. Се работи за свинско месо кое извозникот со додавање на црвена боја се обидел да го продаде на пазарот како телешко месо кое е поскапо за неколку евра од свинското. На случајот големо внимание му посветија унгарските медиуми – кои објавуваат дека опасното месо не било пуштено во продажба на домашниот пазар.

“Тврдиме, дека вакво месо не е стигнато во продажба во Унгарија.“-изјави за весникот  “Новини“, Ѓерѓ Плева-Директор за безбедност на храна во Унгарија.

Доколку ваквото месо се најдеше на продажните места и луѓето го подготвувале како телешко, би можело да дојде до сериозни заболувања, предупредуваат стручњаците. За овој скандал одговорна е фирмата “Филетто“ од Унгарија. Од сега сите пратки на оваа компанија ќе бидат строго контролирани, пренесува весникот “Новини“ од Словачка кој ја пренесе информацијата за скандалот.

OhridNews