Романтичната 72-годишна Регина Бредли запознала мистериозен господин од Велс кога слетала на аеродромот во Лондон во 1968 година. Подоцна тие договориле состанок, но, Регина задоцнила и никогаш повеќе не го видела.
„Бев очајна! Ми пукна срцето“ – рекла Регина.
Се омажила и родила две деца, но денес е разведена. Потрошила илјадници фунти за огласи и го препатувала цел Велс барајќи го „темнокосиот привлечен странец“. Но, немала среќа.
„Беше прв кој ми рече дека ме сака, и на тоа мислам веќе 40 години“ – додала непоправливата романтичарка.
Некои злобни луѓе ја исмејуваат, но таа сака да го пронајде додека се уште има време.