Некои луѓе огласите ги користат како би купиле нешто поволно или би го продале она што повеќе не им треба. Но не и Бианка Фезеј. Таа преку страницата GumTree одлучила да го пронајде човекот со кој останала бремена. Станувало збор за авантура за една ноќ, а Бианка кога дознала дека е бремена била посебно изненадена бидејќи лекарите и рекле дека поради синдромот на полицистични јајници тешко ќе може да остане бремена.

Се што знае за таткото на своето дете е дека се вика Џереми и дека е од предградие на австралискиот град Перт. Се обидела да го пронајде уште додека била бремена, но безуспешно. Сега, два месеци по породувањето, продолжила со својата потрага и на социјалните мрежи. Вели дека се среќава со многу предрасуди и луѓе кои ја нарекуваат лоша мајка. Најмногу, како што вели, ја болат коментарите од оние кои и сугерираат дека требало да абортира. Вели дека општеството сеуште не сака жени кои одлучиле да го задржат детето надвор од врска.