Еден човек го скршил стаклото и го активирал противпожарниот аларм на железничката станица во гермаснкиот град Кајзерслаутерн откако сватил дека возот ја напушта станицата со неговото пиво. Патувал со некој пријател и одлучиле на таа станица да излезат и да запалат цигаре. Не забележале како времето брзо минува, а кога се вратиле на станицата виделе како вратите на возот се затвараат.


Н знаеле што да сторат па човекот го активирал алармот. Од локалната полиција рекле дека ситуацијата не била итна и алрмот бил активиран без потреба. Освен што го активирал алармот, тој ја повредил раката додека го кршел стаклото, соопштиле медиумите. На човекот му се заканува тужба поради злоупотреба на противпожарниот аларм.