Фаќачот на крстот во Охрид, Мартин Гоџо, денеска во култниот ресторан “Св. Софија” доби и специјален подарок – Филигран со македонски рубин, кој специјално за оваа прилика го изработи познатиот охридски занаетчија Митко Укоески.

Филигран со македонски рубин Здружението кое годинава одбележува две деции постоење го доделува по десетти пат.

Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.

OhridNews