Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ќе стартува од првото место на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Холандија. Тој беше најбрз на вчерашните квалификации во Зандворт.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман постигна време од 1:10, 342 минути и беше за 0.021 секунди побрз од возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Од третата позиција ќе стартува клупскиот колега на Леклер, Карлос Саинц, кој заостана зад Ферстапен за 0.092 секунди.

Трката за ГН на Холандија стартува во 15 часот.

OhridNews