На студентите кои ги чекаат резултатите од завршниот испит на еден универзитет во Непал, им било кажано дека дошло до непредвидени компликации, бидејќи тестовите биле изедени од глувци. Стотина неоценети тестови од најстариот и најголемиот универзитет во Катманду биле предадени на локалната полициска станица за да бидат на сигурно. Нa несреќа, или на радост на студентите, биле сместени во просторија полна со глувци.


Еден од инспекторите на полицијата рекол дека испитите биле одржани пред два и пол месеци. Тестовите биле чувани на сигурно, но пред неколку дена откриле дека некои од нив биле изедени од глувци. Веднаш биле известени луѓето од универзитетот кои побрзале да ги земат останатите тестови.