Глутенот е новото зло на модерното време, бидејќи генетското модифицирање на житариците довело до тоа нивото на глутен во нив да биде и 50 пати поголемо отколку пред педесеттина години, па не не чуди дека има се повеќе алергични луѓе на глутен.
Но, ако мислите дека е доволно да го исфрлите белото брашно и производите како тестенини, печива и леб од исхраната, грешите, бидејќи глутенот се појавува и во намирници каде дефинитивно не би го очекувале.
Така, бидејќи многу од готовите преливи за салати каде што пченицата со глутен се користи за згуснување, се преполни со шеќери, соли и масти, најдобро е да направите сами.
Мувлосаните сирења се вкусни и претставуваат одличен додаток на добрата трпеза, но бидејќи во процесот на производство често се користат парчиња леб за забрзување на настанувањето на сина мувла, и тука ќе пронајдете глутен.
Киселите краставички исто така содржат глутен, бидејќи солта во сокот е мешавина од оцет и слад кој често во себе има глутен, па внимателно читајте ја декларацијата.
Коцките за супа се полни со адитиви и засилувачи на вкус, а еден од нив е и глутенскиот производ малтодекстрин – на него обрнете внимание на декларациите на сите производи кои ги купувате.
Соја сосот е полн со глутен кој е еден од главните состојки, па наместо него, користете тамари сос кој се прави од вода, морска сол и чиста соја без примеси на пченица.
Виршлите и паштетите се преполни со адитиви кои се направени на база на глутен, а може да го пронајдете и во сладоледот, каде се наоѓа во аромите на јачменовиот слад.
извор:metro-portal.hr