Наместо да реагира на малото животно 12-годишната леопардица Шина едноставно го гледала глушецот кој се гостел со остатоците од нејзиното месо. Во еден момент пробала со носот да го оттргне, но тој не и обрнал внимание. Студентката која ја снимила целата ситуација рекла дека случката била многу необична.
Шина е во зоолошката градина уште од својот четврти месец во животот. Таа е една од 14-те големи мачки кои живеат таму од 1989 година. Леопардите се сметаат за најлукави и најнеуловливи диви мачки. Тие живеат осамен живот и воглавно се ноќни животни. Се хранат со се, од риби, влекачи, птици до помали цицачи како што се мајмуни и зајаци.