Откако Џим Кери на почетокот на овој месец објави неколку фотографии со кои започнаа да се шират гласини дека “Глупавиот и поглупавиот” се враќаат на филмското платно, вчера на неговиот профил на страницата “WhoSay” се појави уште една фотографија која дефинитивно ги потврди гласините.
Снимањето на продолжението на “Глупавиот и поглупавиот” веќе е започнато, а одговорт на прашањето дали хемијата измеѓу Џим Кери и Чеф Даниелс се’ уште постои ќе добиеме во текот на наредната година кога овој филм ќе се појави во киносалите.