Полицијата во Колумбија уапсила жена од Торонто која глумела дека е трудна со цел да прошверцува големо количество кокаин.
Дваесет и осум годишната Табита Ричи била запрена кога пробала да се качи во авион на “Air Canada” во Богота откако инспектор забележал дека нејзиниот стомак е ладен и тврд на допир. По деталниот преглед полицајците увиделе дека нејзиниот “труднички стомак” е фактички направен од латекс и залепен на нејзиното тело, а откако и бил отстранет биле пронајдени над 2 килограми кокаин.
Табита Ричи била волонтер во невладина организација која работела во Колумбија, а во земјата пристигнала на 6ти август оваа година.