Актерот Марк Шулце завршил во болница откако во текот на настапот на сцената паднал во несвест. При изведувањето на претставата „Москва Петушки“ во Франкфурт, Германија пиел вистинска руска водка за да го прикаже својот лик што пореално во претставата.
Публиката забележала дека нешто не е во ред со него кога почнал да го греши текстот и да гледа чудно во своите колеги. неколку моменти подоцна паднал во несвест. Еден од гледачите изјавил дека токму поради тоа настапот бил импресивен. Продуцентите им наредиле на актерите во текот на претставите да пијат само обична вода.