Шпекулациите во италијанските медиуми за новото момче на Дилета Леота добија позитивен епилог. Нов партнер на најзгодната новинарка е турскиот глумец Џан Јаман.
Јаман кој е ултра популарен во светот на филмот но и на социјалните мрежи, врската ја потврди со постатување на фотографија на својот профил на Инстаграм. Тој во описот на првата заедничка фотографија наведе „Опасен пар“, бидејќи двајцата беа сликани на стрелиште во Италија.
Леота минатата година раскина со боксерот Даниеле Скардина, а веднаш потоа беше поврзувана со Златан Ибрахимовиќ, затоа што двајцата во тандем снимаа реклама за компанија за спортска опрема.
OhridNews