Плакнењето на устата со засладена вода им помага на луѓето да се ослободат од навиката за пушење, докажало едно истражување. Глукозата откако ќе дојде во допир со јазикот, поттикнува внимание, го подигнува нивото на енергија и ја подобрува самоконтролата. Научниците сметаат дека засладена течност би можела да биде добар сојузник за стравствените пушачи да ги остават цигарите. Во тестирањето на самоконтролата учествувале 51 студент. Тие кои пиеле блага лимонада побрзо одговарале на боите во однос на оние кои пиеле пијалок со вештачки залсадувач. Истовремено првата група подобро реагирала на визуелни отколку на гласовни стимуланси.
Професорот Леонард Мартин од универзитетот во Џорџија вели дека глукозата дава енергија потребна за самоконтролата, таа ги стимлира сензорите за јагленхидрати на јазикот, а потоа го стратува моривациониот центар во мозокот и го буди нашето внимание. Глукозата инстиктивно ја стимулира нашата енергија и нашето однесување го држи под поголема самоконтрола.