Основна дејност на агенцијата е инкаминг туризам, но во соработка со повеќе познати агенции од Р.Македонија ќе има и широк спектар на понуди за повеќе дестинации во светот.
„Глобус Травел“, која се наоѓа на бул. „Туристичка“ во мини базарот на „Гранит“, ќе нуди и широк избор на сместувачки капацитети во Македонија, организирање на семинари, конгреси како и превоз и рент-а-кар услуги.
Агенцијата има склучено договор за соработка со осигурителната компанија WINNER, и ќе нуди патничко и секаков вид друго осигурување, поддржано од оваа реномирана осигурителна компанија.