Повисоките температури се погодни за дехидрација и зголемување на концентрацијата на калциум и други минерали во урината.

Се покажало дека зголемената температура на воздухот над просечните годишни вредности можно е да се поврзе со зголемување на ризикот за дијагноза на бубрежни камења во наредните 20 дена. Зачестеноста на дијагнозата на бубрежни камења била најголема во рок од три дена по исклучително високите температури на воздухот.

Резултати се темелат на податоци собирани во текот на 6 години од околу 60 000 луѓе со бубрежни камења од Атланта, Чикако, Далас, Лос Анџелес и Филаделфија. Се работи за градови во различни климатски зони, па истражувачите податоците за бубрежни камења ги споредувале со движењата на температурата на воздухот.

Се проценува дека бубрежни камења имаат 11% од населението во САД, пишува стручното списание Environmental Health Perspectives.

Според зборовите на истражувачите, повисоките температури се погодни за дехидрацијата и зголемување на концентрацијата на калциум и други минерали во урината.Последица е зголемување на ризикот за настанување на бубрежни камења.

 

извор:metro-portal.hr