Глобалниот глад денес е поголем отколку во 2015 година, а светот е далеку од исполнување на амбициозната цел на Обединетите нации за ставање крај на гладот ​​до 2030 година, се наведува во последниот извештај на ОН.

На половина од крајниот рок поставен за исполнување на целите на Агендата за одржлив развој до 2030 година, има мало или никакво подобрување на повеќето цели поврзани со храната и земјоделството, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство објавен пред Самитот на ОН за одржлив развој во Њујорк следната недела.

Трајните ефекти од пандемијата на коронавирус, заедно со другите кризи, како што се климатските промени и вооружените конфликти, имаат широко распространети ефекти. Напредокот постигнат во последните две децении стагнира, а во некои случаи е обратен, се вели во извештајот.

Глобалната несигурност во храната нагло се зголеми во 2020 година, бидејќи пандемијата ги наруши пазарите на храна и ја зголеми невработеноста, но гладот ​​не се врати на нивоата пред пандемијата.

Околу 29,6 отсто од светското население, или 2,4 милијарди луѓе, биле умерено или сериозно несигурни во храната во 2022 година, во однос на 1,75 милијарди во 2015 година, се предупредува во извештајот.

Неухранетоста е најлоша на глобалниот југ, а гладта најмногу расте во субсахарска Африка.

Исто така, нема напредок кон целта за преполовување на отпадот од храна, кој остана на околу 13 проценти од 2016 година.

Светот е далеку и од постигнување на целите за заштита на рибниот фонд, зачувување на шумите и намалување на деградацијата на земјиштето, но постигнат е одреден напредок во однос на ефикасноста на користењето на водата и сузбивањето на нелегалниот риболов.

OhridNews