Македонија се приклучува на Глобалната недела на акција 2010 за вклучување на сите деца во образованието, што ќе се спроведе од 19 до 25 април.

Во повеќе од 100 земји низ целиот свет, познатите светски фудбалски ѕвезди ќе се здружат со милиони деца со цел сите да имаат можност да одат во училиште и да учат. Покрај тоа што ќе има забавен карактер, акцијата ќе се обиде  да влезе во историјата со постигнување на Светски рекорд за најголемиот симултан час.

– Во нашата држава секојдневно се среќаваме со деца, кои на различни начини се лишени од нивното основно право: правото на образование. Затоа од голема важност е државата да им го обезбеди ова право на сите деца -велат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, која е носител на кампањатра во Македонија.

За време на еднонеделната кампања ќе бидат организирани неколку настани:

 1. Посветување на еден училишен час „Една цел: настава за сите“ што ќе се оддржи на 20 април во училиштата низ државата. На часот ќе се објасни дека многу деца и возрасни не знаат да читаат и пишуваат бидејќи никогаш не биле на училиште.

2. Јавна расправа – Форум поврзан со Образовната инклузија на децата кои не одат во училиште. -преку кој ќе се анимираат сите релевантни фактори кои можат да придонесат за надминување на проблемот со децата кои не се вклучени во редовниот образовен систем, како и да се обезбедат механизми за нивно вклучување.

3. Посета на Министерството за финансии кое како надлежна институција ги изработува државните буџети од кои се финансира јавното образование. Планирано е да се оствари посета на Министерот за финансии со неколку деца од Дневниот центар, деца членови на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, модераторите на форумот, претставници на Детската амбасада и др.

OhridNews