Во струшката Полициска станица, вчера, околу 18 часот, било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, бил повреден 60-годишен стружанец од страна на глисер управуван од 43-годишно лице од село Франгово.

Стружанецот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews