Селекторот на македонската ракометна репрезентација Владимир Глигоров, успеа да ги сколопи коцките и да ја одведе Македонија во главната фаза. Огромен бил психолошкиот товар, но девојките одговориле на преизвикот покажувајќи карактер.
Следуваат уште три тешки меча за македонските репрезентативки на кои ќе може “растеретено“ да настапат .
– Се надевам дека овие тешки натпревари нема да остават трага, мал број на ракометарки го понеса товарот во овие тешки меча кои се одиграа под голем психолошки пртисиок.
Глигоров несака да прогнозира кој е крајниот дострел на оваа репрезентација. Примаранта цел е остварена, на девојките останува да го дадат максимумт и во една тимска игра да стигнат до нови победи, тимот тешко се победува, тимот секогаш победува.