– Не паметам ваков настап на македонската селекција во последниот период. Со Демири на средината на теренот функционираме одлично, си помагаме еден на друг се за доброто на репрезентацијата – потенцираше Глигоров.
Глигоров поради жолти картони ќе нема право на настап против Белгија, а товарот на средината од теренот на мечот со белгијците ќе падне на Демири.
– Штета што немам право на настап, но јас верувам во репрезентативците дека можат да приредат изненадување во Скопје, а во Белгија заедно да испишеме историја во македонскиот фудбал – заврши Глигоров.