Селекторот на женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија, Владимир Глигоров го објави списокот на ракометарки кои ќе учествуваат на трофејот во Србија, во периодот од 6-ти до 8-ми март годинава.

На списокот на Глигоров се најдоа:
Тања Андреева, Ева Диневска, Драгана Пецевска, Драгица Митрева, Наталија Тодоровска, Александра Славковска, Мирјета Бајрамовска, Драгица Кресоја, Билјана Црвенковска, Душица Ѓорѓиевска, Јулија Портјанко, Јелена Кленкоска, Робертина Мечевска, Ленче Илкова, Наташа Младеновска, Даниела Новеска.

Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија на ждрепката за ЕУРО 2010 година, кое ќе се одржи во  Данска и Норвешка од 9-19 декември, ќе се најде во вториот шешир.

Групите ќе бидат познати на 24 март, а нашата селекција е во вториот шешир заедно со селекциите на: Шведска, Украина, Полска, Белорусија, Австрија и Србија.

Прв шешир:
Русија, Германија, Шпанија, Унгарија, Франција, Хрватска и Романија

Трет шешир:
Холандија, Словенија, Португалија, Турција, Словачка, Чешка и Исланд

Четврт шешир:
Литванија, Црна Гора, Италија, Бугарија, Швајцарија и две екипи од претквалификации.

ohridnews