Селекторот на женската сениорска репрезентација Владимир Глигоров се одлучи подготовките да ги почне со 28 ракометарки. Од нив најдобрите 16 ќе го облечат црвено – жолтиот дрес на Европското првенство.

Во составот нема некои изненадувања во главно се работи за искусни ракометарки, кои и досега ги бранеја боите на Македонија.

На списокот за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Македонија од 2 до 14 декември се :

ГОЛМАНИ:
Магдалена Хофман (Вардар Осиг.), Тања Андрејева (Кикинда, Срб), Александра Стојков (Кабран А.), Веселинка Треноска (Ѓорче Петров), Дијана Наумоска (Арион П., Грц).

КРИЛА:
Драгана Пецевска (Ѓорче Петров), Валентина Радуловиќ (Кабран А.), Наталија Тодоровска (Подравка, Хрв), Александра Славковска (Кале Кичево), Симона Николовска (Ѓорче Петров), Андријана Атанасоска (Турингер, Гер), Матилда Атанасоска (Турингер, Гер)

БЕКОВИ:
Мирјета Бајрамоска (Ѓорче Петров),Наташа Коцевска (Баер Л., Гер), Јелена Кленкоска Затуроска (Кале Кичево), Јулија Партенко (Ѓорче Петров),Билјана Црвенкоска (Ускудар, Тур),Драгица Кресоја (Ѓорче Петров),Олга Бујанова (Динамо, Рус),Елена Георгиевска (Ѓорче Петров),Даниела Новеска (Турингер, Гер),Охоланга Локи (Ѓорче Петров),Тања Шалевска (Кабран А.),Марина Ламбевска (Ѓорче Петров)

ПИКЕРИ:
Наташа Младеновска (Ѓорче Петров),Робертина Мечевска (Мили Пијанго, Тур),Ленче Илкова (Ѓорче Петров)

М.П.