Обединетата Македонска Дијаспора со седиште во Вашингтон, САД, на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, денеска ќе му ја врачи Наградата за животно достигнување. Од име на организацијата наградата ќе ја врачат Мето Колоски, претседател на ОМД и Стојан Николов, претседавач на Бордот на директори, од Обединетата Македонска Дијаспора. Свеченоста ќе се одржи во домот на Претседателот Глигоров.

На Глобалната конференција, која се одржа од 23-25 јуни ова година во Вашингтон, Обединетата Македонска Дијаспора му ја додели на Првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, Наградата за животно достигнување, како благодарност за неговото државотворно дело посветено на Република Македонија.

OhridNews