Фудбалскиот клуб Охрид продолжи со формирање на ростерот за следната натпреварувачка сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад, доведувајќи го Глигор Дончев.
23-годишниот Дончев кој дејствува на левата бековска позиција во Охрид доаѓа од Саса, а претходно има настапувано за Осогово и Академија Пандев.
Дончев е седмо ново име во охридскиот табор. Претходно, „рибарите“ се засилија со Игор Клечкароски, Мурат Адили, Сашо Шопоски, Албин Рамадани, Кристијан Петкоски и Јусуф Алиу.
OhridNews