Машките деца кои на возраст од две до пет години на ТВ гледаат агресивни цртани филмови или боречки вештини, имаат поголеми изгледи да станат агресивни и непослушни, покажало истражувањето објавено во медицинското списание „Педиатрикс“.

Откривме дека децата кои во претшколска возраст гледаат насилни емиисии се склони кон агресивност и непослушност и почесто упаѓаат во неприлики кога ќе тргнат во школо, изјавил Димитри Кристакис, еден од авторите на истражувањето. 

Тој тврди дека цртаните се „главен виновник“  за се ова. „Најголем број од родителите сметаат дека цртаните не се опасни за нивните деца затоа што се смешни и не се вистински“, нагласува Кристакис. Меѓутоа баш таа способност за преживување на доживувањата на јунакот од цртаниот филм доведува до заблуда и погрешна претстава за насилството во реалниот живот. Машките деца се посебно осетливи на таквите влијанија. Девојчињата кои гледале насилни емисии и момчињата кои гледале ненасилни и образовни програми , подоцна не покажувале агресивност, велат резултатите од истражувачите од детската болница во Сиетл.

Ј.М.