Сестрите Џоан и Алана Аргироу поставиле нов рекорд на непрекинато гледање телевизија. Австралијанките гледале фудбал 87 часа и го срушиле претходниот рекорд на холанѓанецот Ефраим ван Ервен, кој изнесувал 86 часа.
Се бореле против Тим Чан и Џоел Мартинот. Можеле да избираат дали сакаат да ги гледаат преносите или снимките на фудбалските натпревари од светското првенство. Не смееле да го тргнат погледот од телевизорот подолго од 5 секунди. Имале пауза од пет минути на секој час и им било дозволено да пијат по пет кафиња на ден.