Малезиец кој со двоглед ја набљудувал собата на една жена, паднал од осмиот кат и се убил. Од терасата на изнајмениот стан, 20-годишниот работник најверојатно со двоглед ја гледал жената во зградата која се наоѓала од спротива. Тој изгубил рамнотежа и паднал.
Полицијата на местото на несреќата нашла двоглед. Исклучена е можноста дека некој го турнал, бидејќи соседите пред несреќата го виделе како гледа во туѓи станови. Шефот на полицијата вели дека настраданиот бил презафатен со гледање за да мисли на рамнотежата.