Суреш Јоаким од Шириланка го соборил сопствениот рекорд, забележан во Гинисовата книга на рекорди, во непрекинато гледање телевизија. Јоаким, кој инаку живее во Торонто, гледал телевизија без прекин 72 часа, а рекордот го соборил во Стокхолм.
„Добро се чувствувам, испив помеѓу 25 и 30 шољи кафе“ – рекол Јоаким.
Инаку, Јоаким на телевизија изгледал 3 сезони од серијата „24“. Неговиот поранешен рекорд во непрекинато гледање телевизија изнесувал 69 часа и 48 минути, а го поставил во 2005 година.