Бизарен судар (за среќа без повредени) се случи во саботата попладне на ул. „Вангел Николоски“. Главни „актери“ беа комбе и лесна кола (и нивните возачи се разбира). Причината била невнимание на некој од возачите или можеби на двајцата.

Возачот на комбето вртел од „Прва Македонска Ударна“ во „Вангел Николоски“ и се судрил со автомобилот кој доаѓал оттаму. Иако полицаецот цело време ги убедуваше да го решат проблемот вонсудски (бидејќи штетата беше занемарлива) тие не престануваа со меѓусебни обвинувања „кај гледаш, по чавки“ или „не знајш да возиш“ и сл.


Непотребни расправии

Шегата настрана, спојот на ул. „Вангел Николоски“ со улицата „Прва Македонска…“ што води кон Стобекс е прилично непрегледен посебно ако е паркирано возило на аголот или некој од граѓаните име ставено дрва на пример. Навечер е опасно и за децата кои се враќаат од школо бидејќи е слабо осветлена.


                                                                                      Убедувања и „фаќање за глава“

С. Костоски