Екипата на Глазгов Ренџерс е нов шампион во шкотската Премиер лига. „Сините“ од тронот го симнаа лутиот ривал Селтик, кој деветгодини по ред ја освојуваше титулата во шкотскиот шампионат.
Глазгов Ренџерс предводен од англиската легенда Стивен Џерард е прва екипа во Европа која уште на почетокот од март месец математички ја обезбеди титулата.
„Ренџерите“ имаат маестрални бројки зад себе во националното првенство. Избраниците на Џерард имаат 28 победи во 32 мечеви и сезонава ниту еднаш на изгубиле. Импозатна е и гол разликата која изнесува 77-9.
За Глазгов ова 55-та титула во историјата. Селтик е второпласиран на вечната листа со 51 титула.
OhridNews