Градовите Глазгов, Даблин и Билбао би можеле да останат без организација на натпревари на претстојното Европско првенство во фудбал, бидејќи шкотската, ирската и шпанската влада се уште не дале гаранции за враќање на навивачи на стадионите.
На помалку од 100 денови до почетокот на завршниот турнир, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) на властите во сите 12 држави организатори им постави рок до 7. април да достават цврсти гаранции дека ќе дозволат продажба на билети за најмалку половина од капацитетот на стадионите.
Во Шкотска и Ирска на сила се строги мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, а слична е ситуацијата и во Шпанија.
Шкотската министерка за здравство Џин Фриман изјави денеска дека организацијата на Европското првенство е привилегија за Шкотска, но оти присуството навивачи на стадионот во Глазгов ќе зависи од бројот на заразени и текот на вакцинацијата против Ковид-19.
Ирската фудбалска федерација (ФАИ) минатата недела објави дека планира да дозволи присуство на навивачи на натпреварите од Европското првенство што ќе се играат во Даблин, но призна оти ќе ја задржи организацијата само доколку може да гарантира такво нешто.
Ирската Влада забрани враќање на навивачите на фудбалските стадиони во земјата најмалку до 5 април.
OhridNews