Натурализираниот македонски репрезентативец Ричард Хендрикс предвреме го заврши мечот со Грузија. Тој на средина од вториот период по еден дуел со Пачулиа се пожали на болки во коленото, по што ја напушти играта. Хендрикс за 10 минути игра не постигна ниту еден поен а имаше два скока и една украдена топка.

– Во моментов незнам каква е неговата повреда -кратко коментираше селекторот.

Дополнителните испитувања ќе покажат од каква природа е повредата на Хендрикс и времето потребно за нејзино санирање.