По судиите асистенти, добрата форма и физичка подготвеност ја потврдија и „главните“ арбитри кои имаа фитнес тестови на спортско рекреативниот центар „Атина Бојаџи“.
– Во целина задоволен сум од главните и асистентите кои беа дел од фитнес тестовите во Охрид. Нормално е да има исклучоци бидејќи и судиите се само луѓе. Можам да кажам и потврдам дека судиите се подготвени, а сега на ред тоа да го покажат се фудбалерите. – рече Емил Божиновски првиот човек на Судиската организација во ФФМ.
Меѓу машките арбитри беа дел охриѓаните Марјан Маркоски и Марјан Ецкоски додека меѓу девојчињата на фитнес тестовите се појави Радмила Солакоска.
Првата лига започнува на 7 август додека Втората една дела подоцна.
Мх.П.