Шерил Сандберг која е главниот оперативен директор на Facebook, односно вториот човек во компанијата продала дел од своите акции за $90 милиони долари.
Од нејзина страна биле продадени 2.37 милиони акции по цена од $38 долари по акција, а иако овој број изгледа голем Сандберг продала само 5% од вкупните акции кои ги поседува во Facebook.
По оваа трансакција Шерил Санберг поседува околу 25 милиони акции чија вредност е проценета на 1 милијарда долари.
Вредноста на акциите на оваа компанија полека но сигурно е во раст благодарејќи на огромната добивка на Facebook за вториот квартал од 2013 која изнесува 336 милиони долари.