Главниот и одговорен доктор во ФИФА, Мишел д’Ог жестоко се спротистави на идејата националните првенства да продолжат. Фудбалската сезона е прекината поради пандемијата на коронавирусот, а на големо се најавува продолжение во Германија, Италија, Шпанија и Англија.

Предлагам, доколку тоа е можно, во наредните недели да нема фудбал. Треба да вложиме напори за да се подготвиме за почетокот на наредната сезона. Постои ризик, ризик со големи последици. Се работи за живот и смрт и поради тоа јас би постапувал внимателно по ова прашање. Ова го зборувам како лекар, а не како организатор на натпреварите. Од медицинска гледна точка скептик сум по прашањето околу продолжувањето на сезоната. – изјавил докторот Мишел д’Ог.

Првенствата во Холандија, Белгија и Франција се прекинати, а нивниот пример според главниот доктор во ФИФА треба да го следат сите земји вклучувајќи ја и Македонија.

OhridNews