Кога станува збор за натпреварувањето во градинарство, британецот Питер Глејзбрук е вистински шампион. Според британските медиуми, овој пензионер го произвел најголемиот кромид на светот, тежок 8,19 килограми, и така го соборил сопствениот рекорд од минатата година за 56 грама.
Глејзбрук на саемот за градинарство претставил и зелка тешка повеќе од 37 килограми како и џиновска тиква од 54 килограми.