Во сабота на 22 јуни, Europe House Струга ќе го одбележи Денот на Охридското Езеро и биолошката разновидност со настанот „Гласот на крајбрежјето“.

Денот ќе го започнеме со ревијален кајакарски маратон по Охридското Eзеро на кој ќе учествуваат млади кајакари, во соработка со Спортски клуб Соларис Струга. Стартот е од 10:00 на Женска плажа, информираат организаторите.

Вечерта, додаваат, е резервирана за опуштена забава во Паркот на поезијата каде за музичката програма ќе се погрижи Диџеј Мирче. Визуелниот дел ќе биде надополнет со секојдневен видео перформанс на ендемични птици и цветови низ Паркот на поезијата.

OhridNews