Охрид од денеска ќе биде побогат за уште една агенција за недвижности. “Капитал консалтинг“ е фирмата на поранешниот  портпарол на ВМРО ДПМНЕ, Наташа Спасеска, која реши од политичките да заплива во бизнис водите. Свеченото отварање на агенцијата што се наоѓа на ул„Македонски просветители“ во ТЦ Амам е денеска во 13 часот.

Спасеска вели дека отварањето на „Капитал консалтинг“ е остварување на нејзината  животна визија.

Недвижностите се капитални инвестиции кои го менуваат животот на луѓето. Се разбира дека кога се носат животни одлуки за купопродажба на недвижен имот потребен е сериозен партнер кој ќе ги штити интересите на клиентите како купувачи и како продавачи на недвижностите. „Капитал консалтинг“ е вистински партнер кој  одговорно ќе се грижи за своите клиенти. Верувам дека со сопствениот стил на работење ќе придонесам кон развој и унапредување во сферата на прометот на недвижности како и во бизнис заедницата воопшто во смисла на високо професионално, одговорно и посветено работење, вели Спасеска.

Ohridnews