Втората фаза во глобалната трка за избор на новите седум Светски чуда на природата, во која заедно со нашите се натпреваруваат вкупно 261 природна атракцја од цел свет, трае до 7 јули, кога жирито ќе избере 21 финалист од првопласираните 77 кандидати.
Поддршката за Охридското Езеро и пештерите Врело читателите можат да ја дадат на интернет-порталот www.new7wonders.com, или преку банерот поставен на „Ohridnews“.
Процесот за избор на новите светски чуда е долготраен, има неколку фази и ќе трае до 2011 година.