Кандидатурата на Охридското Езеро да стане светско чудо отсега граѓаните на Македонија ќе можат да ја поддржат и со телефонско гласање.

Тие тоа ќе можат да го направат на  бројот  0041773124041, а цената на повикот ќе ги чини околу 100 денари. На овој број ќе може да се гласа и за пештeрите Врело кои исто така се во конкуренција за светско чудо. Ќе можат да гласаат сите кои имаат телефон со тонско бирање. По вртењето на бројот се вклучува снимена порака на англиски јазик и тон за почеток на гласањето. Доколку сакате да гласате за Охридското Езеро треба да притиснете 602, односно  429 за пештерите Врело.


Гласајте Охридското Езеро да стане светско чудо и по телефон

Покрај телефонски, граѓаните на Македонија можат да гласаат и на интернет преку линкот поставен на нашиот портал:ГЛАСАЈ ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ДА СТАНЕ 7-МО СВЕТСКО ЧУДО.

Гласањето за 77-те кандидати, колку што се во конкуренција за ново светско чудо,  завршува на 7-ми јули 2009-та година. Охридското Езеро во моментов се наоѓа на 55-то место, и засега  влегува во потесниот избор од кандидати кои се борат за полуфинале.