Во тек е интернет гласањето за полуфиналето на светскиот натпревар „THE FUNNIEST PERSON N THE WORLD“ во кој се пласира нашиот актер и стендап комичар, Никола Тодороски. Својата поддршка за Никола можете да ја дадете следниот ЛИНК.
На натпреварот кој е организиран од страна на еден од најпознатите стендап клубови во Лос Анџелес The laugh Factors, Никола успеа да се пласира помеѓу 20- те најдобри комичари од 56 земји во светот.
Никола Тодороски е прв македонски стендап комичар кој учествува на светски натпревар. Покрај бројните настапи во земјата, Никола зад себе има десетици успешни интернационални настапи во Лондон, Амстердам, Франкфурт, Софија и други градови во регионот. На светскиот натпревар „THE FUNNIEST PERSON IN THE WORLD“, Никола конкурира со материјал на англиски јазик. Неговиот понатамошен успех на натпреварот зависи од поддршката на публиката, затоа гласајте!
OhridNews