За прв пат во плуралистичката историја на земјата, избори се одржуваат три дена. Причина за тоа е актуелната здравствена ситуација. На 13 јули гласаа лицата со Ковид и лица во изолација, а на 14 јули болните и и изнемоштени лица и затворениците.

Гласачките ливчиња добиени од гласањето на граѓаните кои се позитивни на КОВИД-19 или се во самоизолација, а кои гласале на 13.07.2020 година, и гласачките ливчиња од гласањето на болните и немоќните лица, кои гласале на 14.07.2020 година, согласно одредбите на Изборниот законик и упатствата на Државната изборна комисија, не се отвораат и не се бројат пред денот на гласањето, туку истите, во пликови, се наоѓаат запечатени во гласачката кутија за соодветното избирачко место.

Истите, пред започнувањето на гласањето на самиот ден на гласањето, 15.07.2020 година, се вадат од гласачката кутија, едно по едно се вадат од пликовите и, без да се провери за кого е гласано, се ставаат во гласачката кутија за соодветното избирачко место. Истата потоа се користи за редовното гласање. – информира Државната изборна комисија.

Овие гласачки ливчиња, заедно со останатите ливчиња од гласањето на 15.07.2020 година, се пребројуваат по завршувањето на гласањето на 15.07.2020 година, по 21 часот.

OhridNews