Изборниот ден вo Охрид, засега минува мирно и без проблеми. Граѓаните веруваат дека така ќе биде до крајот на гласањето, кое поради корона кризата е пролонгирано за 2 часа и ќе трае до 21 часот.
Најмногу забелешки гласачите имаат на партиските набљудувачи. Се жалат дека за време на чинот на заокружување на кандидатската листа на гласачкото ливче зад параванот, погледите на партиските набљудувачи се вперени кон нив.
-Те гледаат дали ќе заокружиш горе или долу, а ако се има предвид распоредот на гласачкото ливче интенцијата е очигледна, вели гласач.
На предвремените парламентарни избори учествуваат 15 партии и коалиции
OhridNews