Ден пред локалните избори во Охрид гласаат болните и изнемоштени лица и затворенците.

Како што информираат од Општинската изборна комисија, своето право на глас денеска ќе го искористат 96 болни и изнемоштени лица, додека на 16 лица им било одбиено барањето за гласање во домашни услови. Денеска гласаат и 12 затвореници.

Гласањето тече во најдобар ред, велат од ОИК Охрид.

Шестите локални избори во Македонија ќе се одржат во недела. Граѓаните на Охрид ќе избираат градоначалник помеѓу тројца кандидати и 23 советници од пет кандитатски листи. Гласачките места се отвараат во 7 часот, а се затвораат во 19 часот.

OhridNews