Охриѓани бираат градоначалник по осми пат. Од она што го забележа екипата на OhridNews на терен, гласањето во вториот круг од овие Локални избори се одвива мирно во фер и демократски услови. Сите избирачки места во Охрид беа отворени навреме.

Избирачкото место 1265 беше отворено навреме во точно 07:00 часот и   гласањето се одвива мирно, во фер и демократска атмосфера. Право на глас во ИМ 1265 имаат 948 гласачи запишани во избирачкиот список. Надминати се техничките проблеми кои се појавија во првиот круг со увидот на гласачи и не очекуваме да има технички проблеми, а доколку се појават ќе ги исконтактираме службите за IT поддршка кои работат на терен, вели Владимир Ристески претседател на избирачки одбор од ИМ 1265.

Граѓаните од идниот градоначалник очекуваат конкретни чекори за напредок на градот и реализација на нови проекти.

 

  • Во секој случај Охрид е еден од најважните градови не само во Македонија туку и во целиот регион и мислам дека треба да се преземат конкретни чекори за конечно Охрид да се врати пред се во листата на УНЕСКО, да се врати стариот сјај на градот, да се справиме со големата корупција која владее во градот, но тоа не зависи само од градоначалникот, туку и од централната власт.
  • Посакувам фер избори и нека победи подобриот за доброто на нашиот град и на  нашата земја.
  • Важно е да има ред и мир и повисок економски стандард.
  • Очекуваме добар успех и нови проекти. 
  • Од идниот градоначалник очекувам повеќе работа и да се залага за се што е најдобро за градот.
  • Најголем приоритет е да има вработување за младите, за да останат тука.

 

Во Охрид правото на глас денес можат да го искористат 52.477 гласачи запишани во Избирачкиот список на 88 избирачки места.

 

К.А.